top of page
ИНОВИРАЈ ГИ ТВОИТЕ СОНИШТА- (INNOVATE YOUR DREAMS)
Screenshot_1.png

Проектот има за цел да им помогне на учениците да разберат и да се подготват за работните места во иднина. Проектот се заснова на популарно истражување кое заклучи дека "65% од децата кои влегуваат во основно училиште денес на крајот ќе завршат да работат во потполно нови типови на работни места кои сеуште не постојат". За време на проектот 7-16 годишни студенти, да научат за индустриите што ќе бидат создадени во иднина и за улогата на технологијата во трансформирањето на светот. Проектот ќе предава 3 од 17-те Одржливи развојни цели на Обединетите нации, опишани во Агендата за одржлив развој од 2030 година (квалитетно образование, достапна и чиста енергија, индустрија, иновации и инфраструктура). 

Во првата задача: Со учениците разговаравме каков бил животот на децата, пред да биде измислен Интернетот, потоа работеа во техника на поучување наречена „Прозорец“, учениците пишуваа или цртаа за животот пред Интернет и животот после Интернет. Со нив разговаравме за професиите во иднина истражувавме на Интернет, посетивме повеќе блогови за да се информираме за идните професии, работевме самостојно на тема „Мојата идна професија, изготвивме цртежи, а потоа во мали групи изготвивме умни мапи на истата тема, изработките беа презентирани пред своите соученици.

1.jpg
8.jpg
2.jpg
3.jpg
5.jpg
4.jpg
2.jpg
1.jpg

Втора задача: Почнавме со мислата на Пабло Пикасо “Everything that you can imagine is real”. Тие имаа една минутна активност, да ги затворат очите и да замислуваат дека летаат, за да дојдеме до заклучок дека замислата е фантазија, имагинација. Потоа учениците имаа задача да пронајдат проблем во нивната општина, училиште, дом или во светот и да пронајдат различни начини како би го решиле проблемот. Учениците беа поделени во групи, изготвија уметнички проекти, кои ги презентираа пред своите другарчиња.

1.jpg
3.jpg
4.jpg
2.jpg
5.jpg
8.jpg
7.jpg
6.jpg

Трета задача: Оваа задача е поврзана со втората задача, во неа учениците беа поделени во мали групи, требаа да изготват занаетчиски проект за нивните проблеми кои веќе ги дефинираа во претходната задача. Учениците беа во улога на конструктори, тие со лего коцки, капачиња, дрвени коцки и други материјали и средства ги изготвија своите реално замислени проблеми ги објаснија пред целото одделение. Преку нивната работа тие ги развиваа вештините на 21от век: Комуникација, соработка, критичко мислење и креативност.

3.jpg
2.jpg
1.jpg
5.jpg
4.jpg
8.jpg
7.jpg
6.jpg

Четврта задача: Со учениците го посетивме сајтот за www.teachsdgs.org, за да се запознаеме со 17 цели за одржлив развој на Обединетите Нации. На учениците детално им се објаснија три цели за квaлитетно образование, достапна и чиста енергија и индустрија, иновација и инфраструктура. Учениците изработија уметнички проекти за овие три цели, симболички ги претставија сите 17 цели на пано.

1.jpg
2.jpg
3.jpg
4.jpg
5.jpg
6.jpg
7.jpg
8.jpg

Петта задача: Во оваа задача учениците работеа на компјутери и телефони во мали групи, на поимот технологија преку техниката Бура на идеи. Работеа во апликацијата canva изготвуваа дизајн со пораки. Изготвија креативни тркала на сајтот toytheater.com/spiral/, креираа своја игра со хулахоп.

2.jpg
5.jpg
4.jpg
3.jpg
1.jpg
6.jpg
1.jpg
7.jpg

Шеста задача: Финалната задача беше изложба. Учениците изготвија презентација за седмата глобална цел „Доволно енергија за сите“. Изготвија енергетски град кој треба да работи на соларна енергија „New Energy Skopje“. Сите изработки од учениците, кои беа изработени за овој проект беа изложени во училишниот ходник и беа поканети ученици од другите одделенија, наставници, педагог и психолог, директор за да им биде презентиран.

1.jpg
2.jpg
3.jpg
4.jpg
5.jpg
6.jpg
7.jpg
8.jpg
bottom of page