top of page

МУЛТИКУЛТУРНА ВРТЕЛЕШКА

1.jpg

Се прашуваме...

Како може да се запознаеме со нови, замислени другарчиња од други земји, со нивната култура, традиција и обичаи?

ЦЕЛИ:

  • Да ги објаснуваат поимите култура, обичаи, традиција

  • Учениците да ги осознаат и разберат различностите помеѓу народите

  • Да се запознаат со нови култури, традиции, верувања и обичаи

  • Да ги прошират видиците, да создадат сопствен поглед на светот

  • Да развијат способност на сочуство со другите (отстранување на предрасуди)

  • Да равиваат отворен и толерантен дух

  • Да се ориентираат на картата на светот

Елементи на проектот (краток опис) 

Учениците ќе бидат во улога на патници, преку бура на идеи ќе учиме нови поими за збогатување на нивниот вокабулар, со поттикнувачки прашања од страна на наставникот ќе се спремаат за далечен пат на повеќе континенти, ќе изготвуваат свои куфери со сувенири и пасоши, ќе се запознаваат со држави од различни континенти преку различни активности со читање и обработка на текстови, игри, зборови, празници, храна, градби, облека, обичаи, животни, музички инструменти, превозни средства, јазик, спорт, песни карактеристични за државата. Во текот на цела седмица ќе се изведуваат активности (работилници)поврзани со една земја од некој континент, со примена на различни методи, техники и стратегии.

Ресурси: книги, презентации, видео материјали, работни листови, прибор, хамер, хартија во боја, слики, предмети

Линкови:

https://www.pinterest.com/pin/436919601322521033/http:

www.symbaloo.com/mix/explor-a-worldcultures

Меѓупредметна интеграција: Македонски јазик, општество, ликовно образование, музичко образование и физичко и здравствено образование

Вештини: Комуникациски, колаборативни, истражувачки, социјални и презентациски.

Временска рамка: Во тек на една учбна година, секој месец по една задача со активности

2.jpg
3.jpg
bottom of page